КРАТКА ПРИКАЗНА

Единствен и незаменлив, спој на фамилијарни членови кои својот близок однос го користат да направат волшебство и магија во функционирањето на ресторанот. Со почеток од 2017 година креираме и испишуваме незаборавни свадбени моменти. Уникатна организација на животни настани кои долго, долго ќе се паметат. Така ја стекнуваме нашата препознатливост и го градиме нашиот бренд кој е препознаен од многумина. За тоа говори и фактот што кај нас се реализирани над 200 свадби. Од самиот прием ќе наидете на топол и близок однос. Организацијата на вашиот настан е наше огромно задоволство.  Ние постоиме за вас, ние сме тука да ги направиме вашите замисли остварливи. Се е на исклучително врвно ниво. Од нас може да очекувате само да бидеме најдобри.

На убава, пространа локација, во топол и уникатен амбиент може да услужиме 450 гости. Просторот е опремен со совршено изработен мебел и уникатни парчиња кои дополнително ја креираат магијата на ресторанот. Воспоставениот систем на амбиентално осветлување и декорација прават да се чувствувате како во бајка на вашиот животен настан. Вградениот систем за греење и ладење, како и прочистувачите на воздух, само придонесуваат за прекрасниот амбиент кој го нуди ресторанот.

За вашата безбедност се грижи специјален тим кој нуди комплетно обезбедување дополнето со биде надзор. Од другата страна, на специјално организираниот паркинг простор кој е со капацитет од 250 места е вграден систем за мониторинг на местото кој дополнително ја зајакнува сигурноста којашто ја нудиме.

Ана & Анѓел
Read More
Имавме незаборавна веселба, започнувајќи организацијата на веселбата и менито, подготовката на салата, пречекот на гостите. За време на веселбата, понудената храна и пијалоци беа со врвен квалитет, комфорот и огромниот простор за забава беше одличен, би ја препорачале Романса за вашата следна веселба без размислување.
Зорица и Тоше
Read More
Не постои начин на кој може да се заблагодариме за сето она што ни го овозможивте! Пред се хигиена на високо ниво,врвна услуга,ресторанот има многу пријатен и топло амбиент.Храната превкусна,салатите исто,и морам да кажам дека масата беше преполна,со разни салати,до зеленчук на скара
Елена & Глигорчо
Read More
Прекрасна локација! Организацијата менито, големиот простор и персоналот ни ги оправдаа очекувањата. Дефинитивно ја препорачуваме Романса!

Се прашувате што е она што треба прво да направите кога започнувате да ја планирате вашата свадба? Да, да, тоа секако е избор на датум за свадба. Датумот кога гласно ќе кажете Да, прифаќам! Искористете го нашиот онлајн свадбен календар кој на навистина едноставен и брз начин ќе ви помогне да ја донесете вашата одлука.

СЛОБОДНИ ТЕРМИНИ

MTWTFSS
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31
Слободно
Резервирано

Честитки, самошто се веривте и запловивте во заедничките води!

Додека сеуште ве понесува радоста и позитивните вибрации што ги носи овој момент и ги следите сите омилените работи за свадба, можеби се покренува прашањето дали тековната пандемија може да влијае на сите ваши замисли и планови за свадба.


Согласно препораките и насоките, собирите се забранети поради Ковид 19. Но, нам ситуацијата на научи дека секоја криза носи нова можност, па така сите ние кои работевме на свадби до 2020 година, отворени сме кон новите предизвици и спремни сме да ги промениме сите гледишта и тоа веднаш. Остануваме посветени и со особена внимателност ги почитуваме хигиенските мерки. 


Ако сеуште останувате на ставот за реализација на вашата свадба – тука сме да ви ја обезбедиме целосната радост на вашиот голем ден.