Опис
На убава, пространа локација, во топол и уникатен амбиент може да услужиме 450 гости. Просторот е опремен со совршено изработен мебел и уникатни парчиња кои дополнително ја креираат магијата на ресторанот. Воспоставениот систем на амбиентално осветлување и декорација прават да се чувствувате како во бајка на вашиот животен настан. Вградениот систем за греење и ладење, како и прочистувачите на воздух, само придонесуваат за прекрасниот амбиент кој го нуди ресторанот.
Паркинг
За вашата безбедност се грижи специјален тим кој нуди комплетно обезбедување дополнето со биде надзор. Од другата страна, на специјално организираниот паркинг простор кој е со капацитет од 250 места е вграден систем за мониторинг на местото кој дополнително ја зајакнува сигурноста којашто ја нудиме.
Апартмани
За нашите младоженци или нивните гости, подготвивме 3 модерно опремени апартмани во кои може да уживаат. Совршени за одмор, за сумирање на впечатоци и креирање на дополнителни заеднички моменти.